Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ не ги разбира препораките на ЕУ


Во СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и функционалноста на институциите, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите останати институции. Ако на СДСМ им сметаат активностите на државните институции во насока на исполнување на критериуми и стандарди, тогаш тоа е нивен партиски проблем, а не проблем на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствена цел на СДСМ и Зоран Заев е да се приграбат до власт без избори и без поддршка од граѓаните, плашејќи се од судот на народот, кој девет изборни циклуси им кажува не на избори“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG