Достапни линкови

Нова анализа за Охридскиот договор


Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Муса Џафери денеска најави анализа со нов пристап за имплементацијата на договорот. Тој зборуваше на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Пратениците очекуваа Џафери да соопшти информации за застапеноста на Албанците и припадниците на етничките заедници во институциите, за употребата на јазиците и друго. За 15 јули најави средба на која претставници на повеќе институции и засегнати страни ќе го кажат своето мислење во врска со имплементацијата на Охридскиот договор.

Според пратениците на ДПА нема реализација на Охридскиот рамковен договор и тој воопшто не почнал да се реализира. Документот е само потпишан.

XS
SM
MD
LG