Достапни линкови

ДКСК не коментира за прислушувањето


Случајот со прислушувањето е во судска процедура и додека таа не заврши нема да коментираме, изјави претседателот на Државната комисија за спречување корупција Горан Миленков, на прашањето дали Комисијата има отворено некој предмет за прислушуваните разговори. Миленков не одговори и на прашањето зошто на прес-конференцијата говорел за формата, а не за содржината и за нефункционалноста на Комисијата. По овие две новинарски прашања, Миленков ја напушти прес-конференцијата. Тој денеска ја претстави програмата за справување корупција во периодот од 2016 до 2019 година.

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 14 април до 1 јули 2015 година наследила 105 предмети од областа на корупцијата, а има оформено вкупно 37 нови предмети. Во наведениот период било постапувано по 79 предмети, од кои се решени 39.

XS
SM
MD
LG