Достапни линкови

Европскиот суд за случајот Беслан, против Русија


Училиштето во Беслан.

Училиштето во Беслан.

Европскиот суд за човекови права, се согласи да разгледа два клучни делови од случајот покренат против Русија за нејзиното справување со заложничката драма во училиштето во Беслан. Пред 10 години во Беслан загинаа 334 луѓе. Случајот го покренаа 447 граѓани, според кои во постапувањето државата прекршила неколку членови од Европската конвенција за човекови права. Во септември 2004 година, милитанти упаднаа во училиштето во Беслан, во Северна Осетија и држеа во заложништво повеќе од 1.100 деца и наставници. Потоа руските безбедносни сили го обиколиja училиштето по што уследиja финалните престрелки. Клучното прашање кој го почнал пукањето, дали милитантите или руските сили.

XS
SM
MD
LG