Достапни линкови

По околу 50 илјади откажани резервации дневно за Грција


По околу 50.000 откажувања на резервации добиваат дневно од понеделникот членките на грчкото Здружение на туристички работници.

Откажаните резервации се за „во последен момент“ кои чинат околу 20 отсто од вкупните во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, објави атинското Радио Скај.

Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.

XS
SM
MD
LG