Достапни линкови

Русија против воената стратегија на САД


Русија ја оцени како „конфронтирачка“, новата воена стратегија на САД. Според нив стратегијата нема да помогне во подобрувањето на односите со Москва, кои се заладени поради кризата во Украина.

„Стратегијата укажува на конфронтирачки став, ослободен од каква било објективност кон нашата земја“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Вашингтон во документот објавен вчера, наведува дека Русија повеќе пати покажала дека не го почитува суверенитетот на своите соседи и дека е подготвена да употреби сила за да ги постигне своите цели.

XS
SM
MD
LG