Достапни линкови

logo-print

Варуфакис ќе си даде оставка, ако победи „да“


Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека ќе си поднесе оставка ако на референдумот победи опцијата „да“. Тој денеска во интервју запрашан за тоа дали се уште ќе биде министер на 6 јули, ако мнозинството на референдумот ги прифати реформите што ги бараат кредиторите, Варуфакис одговори – Нема да бидам министер. Тој рече дека очекува луѓето да гласаат со „не“.

Во меѓувреме шефот на Советот на министрите за финансии на еврозоната, Јероен Дијселблум, рече дека ако Грција гласа со „не“ тоа нема да и ја зајакне преговарачката позиција и ќе ги стави и Грција и Европа во многу тешка позиција.

Тој изјави дека мнозинството Грци сакаат да останат во еврозоната и дека референдумот ќе покаже дали тие се подготвени да ги прифатат потребните реформи.

Еврозоната ги прекина понатамошните разговори за должничката криза на Атина, додека не заврши референдумот.

XS
SM
MD
LG