Достапни линкови

Гевгелија ќе отвори прифатен пункт за мигранти


Во Гевгелија ќе се отвори специјален пункт за еднодневен престој на мигрантите до нивно заминување со јавен превоз кон Табановце. За отворање на прифатен пункт се договориле гевгелискиот градоначалник Иван Франгов и претставници на УНХЦР и на Меѓународниот Црвен крст. Во пунктот ќе се прифаќаат мигранти кои секојдневно пристигнуваат преку македонско-грчката граница.

Претставниците на УНХЦР побараа пунктот за еднодневен престој да биде лоциран на просторот околу автобуската и железничката станица во Гевгелија со цел да се спречи талкање на бегалците по другите делови од градот. Пунктот ќе биде опремен со тоалети, вода, маси и клупи и со заштита од сонце.

Градоначалникот на Гевгелија вели дека има потребата од ваков пункт и во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција каде што престојуваат многу бегалци без никакви услови.

XS
SM
MD
LG