Достапни линкови

Има напредок, но нема договор за излез од кризата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера рече дека било договорено до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на зелена маса да се стигне до договор.

Од оптимизам за начелен договор, до не постоење на никаква можност тој да се постигне во следниве денови се движат очекувањата на дел аналитичари во врска со најавите на претседателите на СДСМ и на ДУИ дека исход од разговорите за надминување на политичката криза треба да се очекува до крајот на неделава.

Многу е важно начелно да се каже постигнат е договор. Така што мене ми се чини реално тоа бидејќи наводно, 95-96 отсто од контрастните прашања биле разрешени или договорени, можеби кај некои се работи за тоа дали овој месец или следниот, дали оваа недела или другата да се спроведе некоја реформа или одлука. Меѓутоа изгледа дека работите одат во добра насока и дека ќе има некаков начелен договор.

Според професор Димитар Мирчев, за конечен договор ќе бидат потребни уште неколку недели, бидејќи, како што вели, има многу прашања за кои се разговара.

„Меѓутоа, многу е важно начелно да се каже постигнат е договор. Така што мене ми се чини реално тоа бидејќи наводно, 95-96 отсто од контрастните прашања биле разрешени или договорени, можеби кај некои се работи за тоа дали овој месец или следниот, дали оваа недела или другата да се спроведе некоја реформа или одлука. Меѓутоа изгледа дека работите одат во добра насока и дека ќе има некаков начелен договор“, вели Мирчев.

Мислам дека исход од оваа криза нема, гледаме дека позициите на политичките партии се многу далеку една од друга. Само ако се случи некое чудо може да се договорат во врска со надминување на кризата.

Аналитичарот Арсим Синани е песимист. Смета дека засега нема индиции дека Груевски ќе се повлече, а Заев немало зошто да отстапи од тоа барање. Дополнително, оценува Синани, во насока на разрешување на кризата деновиве не оделе случувањата во Грција, бидејќи Европската унија се концентрира на решавање на тој проблем, поради што македонскиот излегол од фокусот.

„Мислам дека исход од оваа криза нема, гледаме дека позициите на политичките партии се многу далеку една од друга. Само ако се случи некое чудо може да се договорат во врска со надминување на кризата“, вели Синани.

Инаку вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека било договорено до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на зелена маса да се стигне до договор. Слична најава за скор исход од разговорите имаше и од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој рече дека на последната средба на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ им се дало период од два до три дена, да направат дополнителни консултации за нивните позиции за следната лидерска средба, од која, како што нагласи, се надевале на позитивен исход.

Во меѓувреме партиите се крајно затворени за информации во врска со тоа што се разговара, иако и самиот Заев рече дека деновиве имаат интензивни меѓупартиски контакти и само кусо демантираше дека не било точно тоа што се објавува во медиумите дека е договорено Груевски да се повлече во јануари, преодната влада да се формира во ноември и во клучните министерства да има супервизори.

Последната лидерска средба во понеделникот траеше нешто повеќе од еден час и по неа претседателите на четирите партии не сакаа ништо да кажат туку испратија идентично партиско соопштение, дека Груевски им презентирал план за реформи. Разговорите, како што е наведено, и во досега усвоените документи се фокусирани на организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG