Достапни линкови

Блатер: Невин сум, еден ден ќе одам во рајот


Претседателот на Светската фудбалска федерација, Сеп Блатер, за германски „Бунте“ изјави дека совеста му е чиста и дека нема никаква врска со корупциската аферата што ја погоди организацијата.

„Верувам дека кога ќе дојде време ќе одам во рајот“, рече 79-годишниот Блатер.

Голем корупциски скандал ја тресе ФИФА уште од крајот на мај, кога непосредно пред Конгресот на организацијата во Цирих, по налог на швајцарската полиција беа уапсени седум високи функционери на ФИФА.

Сепак, американското обвинителство не покрена постапка против Блатер, но затоа речиси целокупното останато раководство на ФИФА е под истрага.

Веднаш по апсењето Блатер од делегатите на Конгресот доби нов мандат, ноподоцна објави дека ќе поднесе оставка.

„Секој ќе ќе ме нарече корумпиран ќе мора тоа и да го докаже, но тоа е невозможно бидејќи не сум корумпиран. Имам златен крст благословен од папата Фрањо и верувам дека еден ден ќе заминам во рајот, порача Блатер.

XS
SM
MD
LG