Достапни линкови

logo-print

Мустафа: Косово треба да го формира специјалниот суд


Иса Мустафа

Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека за Косово нема друг пат освен да го формира специјалниот суд за воени злосторства извршени од ОВК, оценувајќи дека поинаков исход би бил исклучително опасен за Приштина.

Тој истакна дека доколку косовското Собрание го формира специјалниот суд, тоа ќе може по пет години повторно да се изјасни за тоа дали сака судот да продолжи со работа.

Мустафа нагласи дека тврдењата за воени зосторства мора да се испитаат и потсети дека меѓународна обврска на Приштина е да се истражат тврдењата од извештајот на специјалниот известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа Дик Марти и извештајот на обвинителот Клинт Вилијемсон.

Мустафа најави дека за формирање на специјалниот суд ќе разговара со сите парламентарни групи.

XS
SM
MD
LG