Достапни линкови

Нови разговори меѓу МПЦ и СПЦ со посредство на руската црква


Отпочнувањето на разговорите меѓу двете цркви го покрена Руската православна црква со потпишување меморандум меѓу двајцата патријарси - рускиот и српскиот.

МПЦ треба формално да ја извести СПЦ дека е формирана комисија за разговори, изјавија од МПЦ. Терминот на разговори и кога ќе се определи местото каде тие ќе се држат зависи од СПЦ, вели митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Отпочнувањето на разговорите меѓу двете цркви го покрена Руската православна црква со потпишување меморандум меѓу двајцата патријарси - рускиот и српскиот. Условот што го поставуваше СПЦ за продолжување на дијалогот со МПЦ беше ослободување на Вранишковски. МПЦ очекува во разговорите да има посредништво и од Руската црква.

„Следува доставувањето на акт до српската црква со кој ќе ја известиме дека кај нас веќе е исто формирана комисија и треба да се даде предлог и од нивна и од наша страна каде и кога ќе се одржи првата средба. Тоа е непознаница во моментот“, вели тој.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

За претстојните разговори со Српската православна црква, Македонската православна црква ги определи како членови митрополитите г. Петар, г. Тимотеј и г. Наум, а епископот хераклејски г. Климент е секретар на Комисијата. Пред двете цркви главното прашање ќе биде решавање на статусот на МПЦ.

Затоплувањето на политичките односи меѓу руската држава и другите балкански земји, меѓу останатото и Македонија, отворањето на тоа прашање се гледа во тој контекст.

„Познатото е прашањето, а тоа е она што ѝ припаѓа на нашата црква и историски со автокефалноста. Како ќе се одвиваат и што ќе се случува таму, тоа е работа која допрва ќе биде предмет таму на маса. Отпочнувањето на разговорите меѓу двете цркви го покрена Руската православна црква со потпишување меморандум меѓу двајцата патријарси - рускиот и српскиот. Условот што го поставуваше СПЦ за продолжување на дијалогот со МПЦ беше ослободување на Вранишковски. МПЦ очекува во разговорите да има посредништво и од Руската црква“, вели преспанско-пелагонискиот владика, но засега нема конкретни инцијативи или средби на таа тема.

Како што е познато, СПЦ го одобри продолжувањето на дијалогот, а условот е стопирање на прогонот на Јован и свештениците и верниците од ПОА. Се поставува прашањето колку случајот со Вранишковски ќе биде услов за решавање на проблемот со статусот.

„Тие секогаш го поставувале тоа прашање. Ние сме за дијалог, да видиме дијалог, но како ќе биде и што ќе биде тој дијалог тоа зависи од повеќе фактори“, вели владиката Петар.

Аналитичарот Цане Мојановски вели дека отпочнувањето дијалог е работа која не треба да се одолговлекува и формирањето работни тела од двете страни според него покажува дека и македонската и српската црква имаат интерес преговорите да отпочнат што е можно побргу.

Според него, разговорите се резултат на посредништвото на Руската црква.

„Затоплувањето на политичките односи меѓу руската држава и другите балкански земји, меѓу останатото и Македонија, отворањето на тоа прашање се гледа во тој контекст. Втората димензија е тоа што ова прашање долго стои отворено, а објективно прашањето има решение. Руската црква долго време имаше долги години таков проблем со задграничната црква во Америка“, вели тој.

Во врска со прашањето за Вранишковски кое СПЦ може да го поставува како услов за решавање на проблемот, тој вели дека е важна искреноста во намерата да се разговара. Преговорите меѓу МПЦ и СПЦ, беа во прекин повеќе од 10 години.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG