Достапни линкови

logo-print

Пентагон: расте веројатноста за војна со Русија и Кина


Пентагон во извештајот објавен вчера предупреди на „мала но растечка“ веројатност САД да бидат вовлечени во војна со другите светски воени сили Русија и Кина, предвидувајќи дека последиците би биле огромни. Во извештајот на Националната воена стратегија за оваа година се вели дека Русија постојано демонстрира оти не го почитува суверенитетот на нејзините соседи и дека е подготвена да примени сила за остварување на своите цели. Пентагон укажува на присуството на руски војници во конфликтот во Украина, иако Москва негира дека има распоредено своја војска во источниот дел на Украина за поддршка на сепаратистичките бунтовници.

Последниот извештај на Пентагон во 2011 година зборуваше малку за Русија, но тоа беше пред руската анексија на Крим во минатата година и нејзината поддршка на бунтот кој предизвика смрт и раселување на десетици илјади луѓе.

Кина исто така е издвоена во извештајот како се повеќе агресивна и заканувачка за безбедносните интереси на САД.

XS
SM
MD
LG