Достапни линкови

logo-print

Земјите од еврозоната ќе ја разгледаат грчката молба по референдумот


Министрите за финансии од еврозоната му порачаа на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека ќе ја разгледаат неговата молба за нов спасувачки заем по референдумот в недела. Ние ќе се вратиме на вашата молба за поддршка за финансиска стабилност од Европскиот стабилизациски механизам само по и врз основа на резултатите од референдумот, му напишал на Ципрас холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум, кој претседава во Еврогрупата.

Министрите за финансии од еврозоната синоќа имаа телеконференциска седница на која одлучија да не ги обновуваат преговорите со Атина пред референдумот, на кој Ципрас ги повика гласачите да го отфрлат предлогот на кредиторите.

Во изјавата објавена на Интернет, Дејселблум посочи дека во следните денови нема да има други разговори со Грција, ниту на ниво на Еврогрупата, ниту меѓу грчките власти и кредиторите.

XS
SM
MD
LG