Достапни линкови

Времето денеска- сончево и потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од девет до 17, а дневната ќе биде од 25 до 32 степена.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе бидат без поголеми промени.

XS
SM
MD
LG