Достапни линкови

Порошенко предложи уставни измени


Претседателот на Украина Петро Порошенко предложи уставни промени со цел да им се даде пошироки овластувања на регионите во Украина. Предлогот денеска ќе биде доставен пред Парламентот, а со него се намалува претседателската моќ врз провинциите и се зголемува локалната моќ, односно моќта на градските совети врз тоа како се трошат нивните даночни приходи. Но со нацртот се одбива во основниот закон да се вметне полуавтономниот статус што го бараат проруските бунтовници за регионите кои ги контролираат во источна Украина. Само се споменува правниот акт со кој им се дава одредена самоуправа во преодниот период од три години. Во телевизиското обраќање, Порошенко рече дека промените ќе им делегираат многу права на регионите, како и финансиски ресурси, за кои сега се грижат Владата и Претседателот.

XS
SM
MD
LG