Достапни линкови

Охридските хотелиери очекуваат слаба сезона


Дел од охридските хотелиери велат дека политичката криза и случувањата во Куманово си го земаат данокот и оти ги очекува лоша туристичка сезона. Локалните власти, пак, со спротивен став.

Некои од сопствениците на хотели и менаџери во Охрид не се оптимисти дека оваа туристичка сезона ќе биде подобра од минатата. Оние со кои разговаравме велат дека актуелната политичка ситуација во државата и настаните од Куманово оставиле траги врз потенцијалните гости кои сакале да го посетат Охрид ова лето. Перо Кутаноски, менаџер на охридскиот хотел Гранит, вели дека ги очекува тешка сезона потешка од минатата.

Според досегашните случувања и политичката ситуација и инцидентот кој се случи во Куманово, бидејќи ние сме поврзани со странските тур-оператори, си го зеде данокот. Времето е и дополнителен проблем.

„Според досегашните случувања и политичката ситуација и инцидентот кој се случи во Куманово, бидејќи ние сме поврзани со странските тур-оператори, си го зеде данокот. Времето е и дополнителен проблем. Нашите гости кои можат побрзо да стигнат до Охрид и Македонија не се ни одлучуваат да патуваат. Јас мислам дека оваа година ќе биде потешка од минатата година и ќе имаме пад на процентот и на гости и на ноќевања. Политичката криза дефинитивно се одрази“, вели Кутаноски.

Тој посочува дека кај хотелиерите годинава ќе има намалување за 20 отсто на бројот на гости.

Од секојдневните контакти кои ги имам со хотелиерите и со давателите на услуги, јас немам добиено таква песимистичка информација. Според моите информации, до овој период хотелите имаат премногу добра исполнетост со странски туристи. Во последните недела-две тие откажувања се комплетно редуцирани и на сметка на нив има нови закажувања. Сметам дека оваа туристичка сезона ќе биде подобра од минатите.

„Во принцип мај месец е месец за букинг на сите хотелиери кои се поврзани со тур-операторите од странство, со оние од земјите од Бенелукс. Во мај месец имавме само откажувања, и не е толку трагично што имавме само откажувања, потрагично е што немаше воопшто нови закажувања. После тоа се смири малку ситуација, но 90 отсто од луѓето се одлучени каде ќе го поминат одморот. Останавме на таа бројка, дополнително што ќе се случи не знам, дали воопшто ќе се пополни, не верувам дека од редовните кооперанти ќе има нешто плус. Ќе има намалување за 20 отсто, тоа сигурно го тврдам. Се надевавме на подобро, но сите овие случувања си го зедоа својот данок“, вели Кутаноски.

Но локалните власти го мислат спротивното. Очекуваат успешна сезона исполнета со туристи.

„Од секојдневните контакти кои ги имам со хотелиерите и со давателите на услуги, јас немам добиено таква песимистичка информација. Според моите информации, до овој период хотелите имаат премногу добра исполнетост со странски туристи. Во последните недела-две тие откажувања се комплетно редуцирани и на сметка на нив има нови закажувања. Сметам дека оваа туристичка сезона ќе биде подобра од минатите, а наша обврска е да ги обезбедиме сите неопходни услови и Охрид да го направиме во најдобро можно светло“, вели Ѓоко Апостолов, раководител на сектор за туризам.

Апостолов очекува зголемен број на туристи од овој викенд, додека шпицот се очекува за време на 2 август.

Со манифестацијата „Бело лето“, од 3-5 јули и официјално ќе биде означен почетокот на туристичката сезона во Охрид.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG