Достапни линкови

logo-print

Ципрас чека одговор од кредиторите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас во јавното обраќање денеска рече дека чекаат одговор од меѓународните кредитори за новата понуда за која им пишал. Тој повтори дека ги отфрлиле барањата на трите кредитори, Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, затоа што биле неприфатливи. Тој рече дека референдум во недела ќе има и дека ако гласаат со „не“ нема да значи дека Грција ќе излезе од еврозоната. Според него, ако се гласа со „не“, тоа ќе значи притисок врз кредиторите.

Европа мора да престане да се однесува недемократски, рече Ципрас.

XS
SM
MD
LG