Достапни линкови

Македонија - Целосен неуспех да се гарантираат човековите права


Комитетот за човекови права на ОН на 2 и 3 јули го разгледува извештајот на Амнести интернејшнал за почитување на човековите права во Македонија во услови кога продолжува политичката криза.

Во пресрет на состанокот, Амнести интернејшнал го достави до Комитетот за човекови права документот во кој се нотирани повредите кои ги направила македонската влада врз правата утврдени со Меѓународната конвенција за граѓански и политички права и во кој се наведени препораки до македонските власти.

Одговорноста за прислушувањето и следењето јасно се припишува на премоќната Управа за безбедност и контраразузнавање, која постапува надвор од нејзиниот законски мандат во отсуство на ефективна контрола.

Извештајот на Амнести Интернејшнал се поднесува во време кога во земјата им политичка криза која уследи по објавувањето на таканаречениот скандал со прислушувањето и објавувањето во јавност на снимените разговори меѓу владини претставници. Со содржината се поткопува владеењето на правото и човековите права до таа мера што е доведен во прашање кредибилитетот и интегритетот на владата, се наведува во извештајот.

Во овој контекст, организацијата забележува дека одговорноста за прислушувањето и следењето јасно се припишува на премоќната Управа за безбедност и контраразузнавање, која постапува надвор од нејзиниот законски мандат во отсуство на ефективна контрола.

Сè додека не се спроведе целосна и непристрасна истрага во врска со наводите за криминал, корупцијата и злоупотребата во срцето на Владата во Македонија, како што сугерира содржината на снимките, Македонија не ќе може да ги заштити и да ги почитува правата утврдени во Конвенцијата.

Амнести интернејшнал смета дека сè додека не се спроведе целосна и непристрасна истрага во врска со наводите за криминал, корупцијата и злоупотребата во срцето на Владата во Македонија, како што сугерира содржината на снимките, Македонија не ќе може да ги заштити и да ги почитува правата утврдени во Конвенцијата.

Долготрајна загриженост за недостатокот на независност на судството, вклучувајќи ја и канцеларијата на Државниот обвинител, за кои беа објавени снимки, го покажуваат степенот на владина контрола и непочитувањето на независноста на овие институции. Мора да се преземат итни мерки за да се врати владеењето на правото и почитувањето на независноста на судството, нотира Амнести интернејшнал.

Владата да престане со своите обиди за контрола и влијание врз медиумите.

Владата да престане со своите обиди за контрола и влијание врз медиумите.

Организацијата исто така пишува и за растечката меѓународна загриженост за мешањето во правото на слободно изразување, вклучително и прислушувањето на новинари. Амнести ја повикува владата да престане со своите обиди за контрола и влијание врз медиумите.

Македонија да стави крај на неоснованото приведување на нелегалните мигранти и бегалци и да обезбеди почитување на правата на бегалците.

Загриженоста дека правата на бегалците и мигрантите не се почитуваат, се гледа и во незаконското приведување, вклучително и на непридружувани малолетници и деца, во нечовечките и понижувачки услови во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, се наведува во извештајот. Организацијата ја повикува Македонија да стави крај на неоснованото приведување на нелегалните мигранти и бегалци и да обезбеди почитување на правата на бегалците на кои им се оневозможува пристап до меѓународна заштита преку несоодветното спроведување на Законот за азил.

Амнести интернејшнал ја повикува Македонија да им даде правда и обесштетување на жртвите на долготрајното прекршување на меѓународното хуманитарно право и на човековите права, вклучувајќи ги и жртвите на воени злосторства и роднините на исчезнатите, кои немаат пристап до правда, вистина и репарација за злосторствата според меѓународното право, кои се случија за време на вооружениот конфликт во 2001 година.

Организацијата ги повикува властите да спроведат ефикасна истрага за киднапирањето на Калед ел-Масри, како што се бара со пресудата на Европскиот суд за човекови права од декември 2012. Ел-Масри е германски државјанин со либанско потекло, кој во 2003 година беше киднапиран од македонските власти, како дел од тајната програма за апсење и затворање на ЦИА.

Во извештајот се наведува и дека Македонија продолжува да не ги почитува и штити правата на ЛГБТИ заедницата и оти не успева да спроведе ефикасна истрага за злосторствата од омраза против овие луѓе и организациите за заштита на нивните права. Амнести интернејшнал повикува осомничените за ваквите злосторства и напади да бидат изведени пред суд.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG