Достапни линкови

Зариф - прогрес во преговорите за нуклеарната програма


Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф рече дека е направен прогрес во разговорите за нуклеарната програма и дека ќе продолжат со тоа. Зариф денеска во Виена, по состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери, рече дека ќе ја искористат секоја можност за да направат прогрес. Иран и светските сили си дадоа време од една недела за оформување на договорот.

Кери пак изјави дека имаат тешки прашања, но верува оти прават прогрес. Ќе продолжиме со работа, рече Кери.

XS
SM
MD
LG