Достапни линкови

logo-print

Лидерот на СДСМ, Заев изјави дека не го признава судот и нема да се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“. Спопред Заев, договорено е до крајот на неделава да се постигне договор за политичката криза

Нема тајни преговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку тоа се редовни средби со посредство на меѓународната заедница со оглед на тоа дека рокот за постигнување договор е до крајот на неделава, рече попладнево на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев.

И денеска има средби и утре ќе има средби, договорено е до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на зелена маса да се стигне до договор.

„Постојат средби на сите можни нивоа меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓу Заев и Груевски, меѓу сите со претставници на меѓународната заедница“, рече Заев.

Во меѓувреме, пак, во јавноста веќе излегоа шпекулации дека веќе е постигнат договор, според кој Груевски би се повлекол во јануари 2016 година, што би значело три месеци пред договорените избори во април, а претходно во ноември би се формирала преодната влада во која би се вклучиле и СДСМ, а се споменуваат и супервизори.

Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта, нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка. Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода, ја очекувам од денеска оваа одлука на судот. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните.

„Предлогот што е лиферуван во јавноста не е точен“, демантира Заев, додавајќи дека во разговорите имало предлози и од нив и од ВМРО-ДПМНЕ и од странците вклучени во процесот, но дека не правеле отстапки од нивните црвени линии.

„И денеска има средби и утре ќе има средби, договорено е до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на зелена маса да се стигне до договор“, рече Заев.

Тој денеска нагласи и дека јавно објавувал оти за, како што рече, политички монтираниот судски случај Пуч не го признавал правосудството како независна власт по Устав и по закон, туку, како што нагласи, тоа било под целосна контрола на Никола Груевски.

„Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта, нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка. Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода, ја очекувам од денеска оваа одлука на судот. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните“, рече Заев, кој нагласи дека со обвинението што вчера го поведе Основниот суд Скопје 1 се потврдувало сето она што било забележано во извештаите на германскиот експерт Рајнхард Прибе и извештајот на Стејт департментот.

Според претседателот на СДСМ и во досегашниот тек на случајот Пуч имало низа нелогичности. Тој рече и дека судот немал дадено никакво објаснување за одбивање на приговорите на обвинението, не само за него или неговиот адвокатски тим, туку и за домашната и за меѓународната правосудна јавност.

„Фактичката состојба е дека луѓе лежат во затвор за шпионажа, а нема информација за која странска земја, странска служба или странска институција шпионирале. Се обвинува претседателот на најголемата опозициона партија за насилство врз премиерот затоа што барал предвремени парламентарни избори и техничка влада, а јавноста е сведок на договорот меѓу власта и опозицијата за предвремени избори за крајот на април 2016 година, со посредство на еврокомесарот Хан, амбасадорите на ЕУ и САД“, рече Заев.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG