Достапни линкови

Десетици жртви во напади на ИД во Египет


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 36 египетски војници и цивили и 38 милитанти на Исламската држава загинале во северен Синај, соопштија египетските власти. Милитантите започнале истовремени напади на воени контролни пунктови, а потоа се судриле со египетската војска. Во соопштението од воените власти се наведува дека околу 70 милитанти нападнале пет контролни пунктови, зеле војници како заробеници, а уништиле и оклопни возила. Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Исламската држава задолжен за Синајскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG