Достапни линкови

Грција со нови предлози до кредиторите


Грција е подготвена да го прифати предлогот на кредиторите со некои промени, додавки или појаснувања, како дел од продолжување на програмата на Европскиот фонд за финансиска стабилност и новиот договор со Европскиот механизам за стабилност. Ова е дел од последното писмо што вчера грчкиот премиер Алeксис Ципрас го испратил до претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги и управниот директор на ММФ, Кристин Лагард, јавува дописникот на МИА од Атина.

Според последниот предлог на Грција, Атина е подготвена да го прифати договорот составен на техничко ниво, под услов да остане попустот од 30 отсто на ДДВ за островите. Во врска со пензиските реформи, грчкиот премиер бара промените за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години да почнат да се имплементираат од октомври 2022 година, а не веднаш. Покрај тоа, грчкиот премиер сака да го одложи спроведувањето на „клаузулата за нула дефицит“ и е против приватизацијата на независниот оператор за пренос на електрична енергија - АДМИЕ.

XS
SM
MD
LG