Достапни линкови

Зад затворени врати полесно до договор


Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера рече дека на последната средба на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ им се дало период од два до три дена за дополнителни консултации.

Кратките јавни средби за сериозни политички прашања, молчеливите лидери и штурите партиски соопштенија не ветуваат многу за разрешување на кризата, но договор е можно да се постигне преку средбите зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.

Она за што може да се направи компромис е кога тој да оди. Периодот од шест месеци е минимум од минимумите. Министрите од преодната влада не може да ги запознаат имињата на своите секретарки помалку од тој период, а не нешто да променат во смисла да обезбедат фер услови за избори.

Досега единствено јавно од четворката која учествува во разговорите зборуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој вчера рече дека на последната средба на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ им се дало период од два до три дена, да направат дополнитлени консулатации во партијата за нивните позиции за следната лидерска средба, од која како што нагласи се надевале на позитивен исход.

Од ДУИ денеска велат дека позитивните очекувања на нивниот претседател се должеле на тоа што Груевски и Заев побарале дополнително време за разговори околу деталите, нешто досега не се случувало на средбите на кои ги одбивале предлозите без да бараат дополнително време.

Можно е постигнување решение во кратко време јас не мислам дека договорот е веќе постигнат, туку допрва треба да биде постигнат. Ме радува фактот што слушаме дека на пониско ниво се преговара што е вистинскиот пат да се дојде до решение.

Од другите партии официјално и сега никој не сака да зборува, но од она што со додавката неофицијално се објавува во медиумите предлогот за клучното несогласување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, времето на заминувањето на Груевски од владата, е тоа тој да го стори во јануари 2016 година, што би значело три месеци пред договорените избори во април. Претходно, пак, преодната влада во која би се вклучиле и СДСМ би се формирала во ноември.

Во врска со евентуалниот ваков договор, професор Љубомир Фрчкоски вели дека не сака да коментира, оти како што вели, можеби се работело за шпекулации, но додава дека единствен здрав компромис бил Груевски да си оди од власта.

„Она за што може да се направи компромис е кога тој да оди. Периодот од шест месеци е минимум од минимумите. Министрите од преодната влада не може да ги запознаат имињата на своите секретарки помалку од тој период, а не нешто да променат во смисла да обезбедат фер услови за избори и што е за мене уште поважно да обезбедат ново Јавно обвинителство што ќе ги процесуира случаите на прислушување и сите случаи поврзани со тоа. Значи тоа е најважно, ние мораме еден месец по овие расправи во јули, некаде во септември да имаме ново Јавно обвинителство и мораме во ноември обвиненија за случаите на прислушување“, вели Фрчкоски.

Професор Никола Дујоски пак смета дека решението е веќе на повидок.

„Можно е постигнување решение во кратко време јас не мислам дека договорот е веќе постигнат, туку допрва треба да биде постигнат. Ме радува фактот што слушаме дека на пониско ниво се преговара што е вистинскиот пат да се дојде до решение“, вели Дујоски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG