Достапни линкови

Каранфилова-Пановска нов директор на ФООМ


Владимир Милчин, досегашниот директор на ФООМ.

Владимир Милчин, досегашниот директор на ФООМ.

Фани Каранфилова-Пановска од денеска ја презема директорската функција во Фондацијата Отворено општество − Македонија (ФООМ), соопштуваат од Организацијата. Таа доаѓа на местото на Владимир Милчин. Каранфилова-Пановска, ја почна својата кариера во студентските организации, и досега има повеќе од 20 години искуство во граѓанскиот сектор.

„За мене беше привилегија да ја водам Фондацијата Отворено општество − Македонија во последниве 23 години. Македонија се соочуваше со многу предизвици во овој период, а јас сум горд што работев заедно со граѓанското општество за да ја направиме нашата земја подемократско, поправедно и порамноправно место за живот“, изјави Милчин.

Каранфилова-Пановска вели дека ова е период на голема промена за Македонија.

„Однапред се радувам на продлабочувањето на напорите на Фондацијата за поддршка на граѓанското општество во Македонија. Ми претставува посебно задоволство што ќе имам можност да го предводам тимот на ФООМ во справувањето со сегашните и идните предизвици, како што е сега, на пример, потребата од поддршка на мигрантите кои бегаат од војната и прогонот во Сирија и Авганистан“, изјави новата директорка на ФООМ.

XS
SM
MD
LG