Достапни линкови

Милитанти на ИД убиле најмалку 10 египетски војници


Милитантите на Исламската држава започнале истовремени напади на воени контролни пунктови во северен Синај, при што се убиени 10 војници, соопштија египетските власти. Еден неименуван воен извор пак вели дека загинале 30 војници. Во соопштението од воените власти се наведува дека се убиени и 22 милитанти. Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Исламската држава задолжен за Синајскиот полуостров. Милитантите нападнале најмалку пет воени станици, тие исто така заробиле војници и зеле неколку оклопни возила.

XS
SM
MD
LG