Достапни линкови

Професор Осман Кадриу вели дека во ваква ситуација судот мора претпазливо да ја води постапката, а не под присилба на власта, за да не дозволи да се зголеми бројот на политички затвореници.

Судското оценување на приговорите на одбраната за обвинителниот акт за случајот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и вчерашната одлука на советот за прифаќање на обвинителниот акт за процесот „Пуч“, го отвора прашањето за можна злоупотреба на судот за политички притисок врз опозицијата, велат аналитичарите. Заев е обвинет за дело примање поткуп затоа што од струмичанец наводно побарал 200 илјади евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.

Тоа што сега се прави не придонесува во разрешувањето на кризата, туку напротив, таа сега ќе биде сè подлабока и ќе има посериозни последици врз државата, врз односите, врз состојбите и врз имиџот и статусот на државата.

Професор Осман Кадриу вели дека во ваква ситуација судот мора претпазливо да ја води постапката, а не под присилба на власта, за да не дозволи да се зголеми бројот на политички затвореници.

„Тоа што сега се прави не придонесува во разрешувањето на кризата, туку напротив, таа сега ќе биде сè подлабока и ќе има посериозни последици врз државата, врз односите, врз состојбите и врз имиџот и статусот на државата“, вели тој.

Намерата беше да го направат истото со Брат Љубе што го направија, да местат бизнисмен како дава пари за кампања, една година мака мачат луѓето како да ги наместат парите. На инсистирање на Груевски и Мијалков беше замолен тој бизнисмен да ги интензивира работите, оти само тоа е спасот, парите да ги даде.

Кадриу додава дека во оваа фаза кога има интензивни преговори за излез од политичката криза, судот требаше да ја запре привремено постапката, затоа што вака на виделина излегуваат сомнежите дека нема доволно елементи за кривично дело, ни за случајот „Поткуп“, ни за случајот „Пуч“.

„Јас сум правник со искуство, досега не сме имале во праксата, лица да одговараат и да се монтира такво кривично дело за обид да се изврши поткуп. Ние сме полни со криминалци кои се бават со земање поткуп, па не одговараат, а сега се монтира кривично дело обид за поткуп. Па тоа е апсолутно беспредметно“, вели Кадриу.

Особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени на кое раскажува како таков бил редот за арач.

Заев митото го побарал во функција на градоначалник на Струмица, соопштија од МВР на прес-конференција која беше одржана во доцните вечерни часови на 10 мај, додека во Универзалната сала Заев и опозицијата ја презентираа осмата бомба со телефонски разговори на кои се слушаат наводни злоупотреби на власта.

И МВР кога ја објави пријавата и екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска соопштија дека немало примопредавање на пари и дека пријавувачот никогаш не му дал поткуп на Заев, но и покрај тоа обвинителството за организиран криминал решило обвинението да биде за најтежок вид на примање поткуп со значителна вредност, за кое според законот највисоката казна е 5 години затвор.

Тогаш Заев посочи дека власта му го спрема истото сценарио со провокатор како она на Љубе Бошкоски.

„Намерата беше да го направат истото со Брат Љубе што го направија, да местат бизнисмен како дава пари за кампања, една година мака мачат луѓето како да ги наместат парите. На инсистирање на Груевски и Мијалков беше замолен тој бизнисмен да ги интензивира работите, оти само тоа е спасот, парите да ги даде“, рече Заев.

Премиерот Никола Груевски, пак, на митинг побара Заев да распише нови локални избори во Струмица, поради арачот што го барал.

„Особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени на кое раскажува како таков бил редот за арач“, рече Груевски.

Вчера на само еден ден по лидерската средба судот го прифати обвинението за случајот Пуч и ги отфрли приговорите на одбраната. Главен доказ за тоа обвинение ќе бидат снимките кои јавноста веќе ги виде, а се тајна во постапката. Советот за оцена соопшти дека утврдил оти делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични и дека има доволно докази за нив, наспроти тврдењето на одбраната. Адвокатите на Заев тврдат дека не може барањето за техничка влада да се третира како насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG