Достапни линкови

Русија запре со дотур на гас за Украина


Руски „Газпром“ денеска објави дека ќе запре со снабдувањето на природен гас на Украина, откако Киев ден претходно соопшти дека ќе престане да купува руски гас. Во соопштението на Газпром се наведува дека Украина не платила за дотурот на гас за јули и затоа од утрината се прекинува со снабдување на гас.

Вчера украинските власти рекоа дека ќе престанат да купуваат гас од Русија ако не се договорат нови услови.


Државната енергетска компанија Нафтогас, пак , соопшти дека испораката на гас преку Украина до другите европски клиенти на Газпром ќе продолжи во целост.

XS
SM
MD
LG