Достапни линкови

Грција - точка од која нема враќање?


Грција на работ на бездна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Грција на работ на бездна

Грција пропадна подлабоко во финансиска бездна откако на полноќ истече 5-годишната програма за финансиска помош и земјата не успеа да го врати долгот спрема Меѓународниот монетарен фонд. САД бараат продолжување на преговорите кои ќе обезбедат за Грција економски раст во Еврозоната.

Со невратениот долг од една милијарда и 600 милиони евра, Грција стана прва развиена земја која не успеала да и се раздолжи на оваа институција. Последна земја на која и се случило вакво нешто беше Зимбабве во 2001 година.

Би сакал, тој, Ципрас да најде компромис. Компромисот е нормална работа за луѓето. Не велам дека сите мерки се во ред, но мислам дека мора да се најде решение, бидејки сме дојдени до точка од која нема враќање.
анкетиран граѓанин.

Еве како денеска на сето ова реагираа двајца граѓани на Атина.

„Би сакал, тој, Ципрас да најде компромис. Компромисот е нормална работа за луѓето. Не велам дека сите мерки се во ред, но мислам дека мора да се најде решение, бидејки сме дојдени до точка од која нема враќање.“

„Владата мора да си поднесе оставка и да бидат закажани избори, или, пак, да се формира заедничка влада. Не гледам друго решение. Ние сме банкротирани, зарем не гледате што се случува со банките“, велат анкетираните граѓани.

Владата мора да си поднесе оставка и да бидат закажани избори, или, пак, да се формира заедничка влада. Не гледам друго решение. Ние сме банкротирани, зарем не гледате што се случува со банките.
анкетиран граѓанин.

Откако Грција ги направи последните напори за продолжување на финансиската помош, министрите за финансии на еврозоната решија дека нема начин за постигнување договор пред истекувањето на рокот. Би било лудо да се продолжи програмата, изјави холандскиот министер Јероен Дијселблом, кој е на чело на телото на министрите за финансии на еврозоната.

Портпаролот на ММФ Гери Рајс изјави дека Грција од сега ќе може да добива кредити од Фондот само откако ќе ги расчисти своите обврски. Грција годинава во касата на ММФ треба да уплати вкупно 5,4 милијарди евра, од вкупниот долг од околу 21 милијарда евра. Следната рата од 284 милиони евра треба да биде уплатена на 1 август.

Грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис синоќа изјави дека Атина побарала од Меѓународниот монетарен фонд одложување на исплатата на долгот до ноември годинава. Рајс потврди дека Грција во последен момент побарала одлагање на плаќањето и додаде дека ММФ почнал да ја разгледува таа молба.

Во меѓувреме од САД уште еден повик до сите заинтересирани страни да продолжат со преговорите кои ќе обезбедат за Грција економски раст во Еврозоната врз основа на неопходни економски реформи и потребното финансирање. Како што се наведува во соопштението на американското министерство за финансии, САД одблизу ја следат ситуацијата во Грција и сметаат дека Атина ќе продолжи со преговорите со меѓународните кредитори кои ќе и обезбедат неопходна финансиска поддршка за да остане во еврозоната.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG