Достапни линкови

logo-print

Русија ја преиспитува одлуката за независност на балтичките земји


Baltic states map

Baltic states map

Рускиот Државен обвинител ја преиспитува законитоста на одлуката од 1991 година за прогласување на независноста на трите балтички држави од Советскиот Сојуз, изјави портпаролот на обвинителството. Овој потег следува по минатогодишната одлука на оваа канцеларија дека Крим бил нелегално доделен на Украина во 1954 година, и го вклучи алармот во Литванија, Летонија и Естонија. Литванската претседателка Далија Грибаускаите во својата бесна реакција изјави дека никој нема право да им се заканува. „Нашата независност е стекната со крвта и жртвите на литванскиот народ“, рече таа.

Двајца пратеници од мнозинството, од партијата Обединета Русија во нивната жалба до обвинителството истакнуваат дека одлуките на Државниот совет на Советскиот Сојуз, со кои Естонија, Летонија и Литванија добиле независност, се нелегални.

Оваа иницијатива можеби нема да предизвика големо внимание во Русија, каде што некои високи претставници изгледа се скептични во врска со тоа. "Не сум слушнал ништо за вакво преиспитување", изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Виена. "Она што го знам е дека ние имаме дипломатски односи и меѓудржавни договори со овие балтички земји", додаде тој.

XS
SM
MD
LG