Достапни линкови

Србија, Австрија и Унгарија ќе соработуваат во врска со мигрантите


Министрите за внатрешни работи на Србија, Австрија и Унгарија, Небојша Стефановиќ, Јохана Микл-Лајтнер и Шандот Пинтер, потпишаа вчера во Будимпешта Меморандум за соработка и заштита на границите. Договорот предвидува заеднички патроли на српско-унгарската, односно српско-македонската граница, интензивирање на групите за борба против организираното префрлување мигранти, како и воспоставување посебни пунктови за контакт во сите три земји.

Микл-Лајтнер рече дека непрекинатиот бран мигранти во Австрија довел до преоптовареност на границата. Таа укажа дека досега 40 илјади лица се опфатени со програмата за помош на мигранти, и оти се очекува бројот да се искачи на 70 илјади.

Стефановиќ изјави дека Србија сака да преземе дел од товарот кога станува збор за мигрантите.

Унгарија во изминатите недела беше во фокусот на интерес на меѓународната јавност со најавата за подигнување ограда од четири метри на границата со Србија, како и со најавата да ја прекине примената на Даблинскиот договор, што би значело дека Будимпешта не би прифаќала мигранти кои би ги протерале други земји, а кои по првпат зачекориле на тло на ЕУ токму во Унгарија.

XS
SM
MD
LG