Достапни линкови

Времето денеска- променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и југоисточните делови на земјава, каде се очекува да наврнат околу 10-ина литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од девет до 19 степени, а дневната ќе биде од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од утре следува период на стабилно, суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.

XS
SM
MD
LG