Достапни линкови

МПЦ - ОА определи Комисија за разговорите со СПЦ


Митрополитите г. Петар, г. Тимотеј и г. Наум се членови, а епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Комисијата што денеска Македонската православна црква - Охридска архиепископија ја определи за претстојните разговори со Српската православна црква.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија денеска одржа редовна седница на која го договориле составот на комисијата.

На седницата, како што стои во соопштението објавено на веб-страната на МПЦ-ОА, особено внимание Синодот посвети на разгледување на годишните извештаи од епархиите во Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората. Притоа била изразена загриженост за неповолните демографски податоци, а посебно за православното македонско население во Македонија, односно намалување на наталитетот и зголемување на морталитетот.

XS
SM
MD
LG