Достапни линкови

logo-print

Тачи на средба со амбасадорите на ЕУ


Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска во Тетово се сретна со амбасадорите на 17-те земји на Европската унија со кои разговараше за политичката ситуација во државата и за процесите за излез од актуелната криза, се наведува во партиското соопштени.

На средбата, како што соопшти партијата, станало збор и за деблокирањето на интеграциските процеси и решавањето на спорот за името, кој ќе го отвори патот на интеграција и ќе обезбеди подобра перспектива за земјата и за целиот регион.

Амбасадорите, како што се наведува во соопштението, истакнале дека Европската унија го следи со особено внимание развојот на настаните во земјата.

Од партијата информираат дека било препорачано сите политички партии и фактори да придонесат за подобра благосостојба и иднина на граѓаните

XS
SM
MD
LG