Достапни линкови

logo-print

Меркел ги повика Белград и Приштина на компромис


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Белград и Приштина на компромис, истакнувајќи дека само напредок во дијалогот ќе овозможи нивно приближување кон Европската унија.

„Време е да се постигне компромис, рече таа на заедничката прес конференција по разговорот со косовскиот премиер Иса Мустафа во Берлин.

Вчерашната рунда преговори меѓу Белград и Приштина во која учествуваа српскиот и косовскикот премиер Александар Вучиќ и Иса Мустафа, со посредништво на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини во Брисел заврши без договор.

XS
SM
MD
LG