Достапни линкови

На Зоран Заев ќе му се суди за „Пуч“


На Зоран Заев ќе му се суди за случајот „Пуч“ одлучи Судот. Основниот суд Скопје 1, преку соопштение известува дека донеле одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани.

„Советот во одлучувањето утврди дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и приложени се докази во прилог на обвинението“, стои во соопштението.

Заев е четврто обвинет во случајот „Пуч“. Другите обвинети се во притвор. Тие се обвинети за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Одбраната на обвинетите во случајот „Пуч“ претходно побара Судот да го отфрли обвинението против петтемина опфатени во случајот.

XS
SM
MD
LG