Достапни линкови

Авионска несреќа во Суматра, повеќе од 100 жртви


Повеќе од 100 луѓе се мртви по падот на воен транспортен авион кој се урна во станбена област во индонезискиот остров Суматра. Авионот удрил во неколку згради пред да експлодира. Шефот на воздухопловните сили во Суматра соопшти дека во авионот имало 113 лица и дека не верува оти има преживеани. Повеќе од 50 тела веќе се пренесени во болница.

Авионот,произведен во 1964 година,превезувал воени лица и нивните семејства. Пилотот побарал да се врати во воената база поради технички проблеми.

XS
SM
MD
LG