Достапни линкови

Грција и со „не“ може да остане во еврозоната


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека дури и ако Грција гласа „Не“ на престојниот референдум, не значи дека земјата не може да остане во еврозоната, јави дописникот на МИА од Берлин.

Германскиот министер на состанок со пратеници во германскиот Парламент рекол дека Грција не мора автоматски да излезе од Европската монетарна унија доколку нејзините граѓани ги отфрлат предлозите на кредиторите на референдумот закажан за в недела.

XS
SM
MD
LG