Достапни линкови

Турција сака да и помогне на Грција за излез од кризата


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска предложи помош на Грција, која се соочува со банкрот, изразувајќи подготвеност за разгледување на секој предлог за соработка меѓу двете држави.

„Ние сакаме Грција да биде силна, подготвени сме да помогнеме Грција да излезе од економската криза, преку соработка во туризмот, енергетиката, трговијата“, изјави Давутоглу во обраќање пред пратеници од неговата партија.

Ќе воспоставиме контакт со Грција со цел да организираме средба за соработка на високо ниво, веднаш откако тоа ќе биде можно, со цел да ги разгледаме заедничките мерки за финансиската криза, со која се соочува Грција, истакна тој. ​

XS
SM
MD
LG