Достапни линкови

Кумановската вода не може да се „измие“ од политика


Кумановци, кои изминатите денови немаа вода ниту за лек, велат дека веќе им е преку глава да лелекаат за вода, при толку дождливи денови.

За 80 илјади кумановци кои со вода се снабдуваат од градската водоводна мрежа, не е важно дали времето е дождливо или суво, дали е лето или зима, полни ли се или празни двете липковски акумулации, во секое време мора да имаат резервна вода по домовите. Двете јавни претпријатија - „Водовод“ и „Водостопанство-Кумановско-липковско Поле“ децении наназад имаат ненадминати проблеми, првенствено финансиски или должнички, а кога на тоа ќе се додаде и политичката боја, кумановци остануваат без вода.

Нема, нема. Чекаме да дојде. За пиење земаме кисела, а за ваква нема. Во куќа живееме, нема бунари. Ние сме накај Менкова Колиба, нема таму вода.

Најзагрозени се старите, болните луѓе кои живеат или во високата зона или на погорните катови, како и дел од оние кои живеат во централното градско подрачје. И како што велат граѓаните, штом некој некому во политиката ќе стапне на нерв, најлесно им е да се одмаздуваат со затворање на вентилите. Овој проблем со водоснабдувањето ќе исчезне кога централната и локалната власт ќе бидат од иста партија или кога липковските акумулации ќе бидат заменети со некои други и веројатно на друга локација.

Кумановци, кои изминатите денови немаа вода ниту за лек, велат дека веќе им е преку глава да лелекаат за вода, при толку дождливи денови. Штом ќе се затнат вентилите, тие се снаоѓаат кој како знае и умее и чекаат надлежните да се смилуваат и водоснабдувањето да се нормализира.

Кој купува, кој иде валкан, нема да се измие. Сега има вода во браните, кој ја затвора водата, ова не е од суша. Некој ги затвора вентилите и нема вода. Се нервирам кога нема да пијам, да се измијам, ама што да правам.

„Нема, нема. Чекаме да дојде. За пиење земаме кисела, а за ваква нема. Во куќа живееме, нема бунари. Ние сме накај Менкова Колиба, нема таму вода.“

„Не, јас живеам кај „изгорена школа“. Кој купува, кој иде валкан, нема да се измие. Сега има вода во браните, кој ја затвора водата, ова не е од суша. Некој ги затвора вентилите и нема вода. Се нервирам кога нема да пијам, да се измијам, ама што да правам.“

„Земаме од тие што имаат бунари. Полниме балони и други садови и така поминуваме додека дојде водата.“

„Земаме од фонтана. Полнам шишиња за да имам.“

„Никако не се снаоѓам, само се нервираме. Живеам на петти кат, нема вода, не може да се испере, не може да се искапеме, садовите не можеме да ги измиеме. Катастрофа. Причината не нè интересира, сакаме да имаме вода“, велат анкетираните кумановци.

И додека од ЈП „Водовод“ велат дека настојуваат максимално да ги плаќаат долговите кон ЈП „Водостопанство“, за и тоа да може да функционира нормално, од таму пак не ретко политиката ќе ја замати водата, без размислување за граѓаните и штетите кои што тие ги трпат.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG