Достапни линкови

Грција потврди нема да го врати долгот кон ММФ


Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска потврди дека неговата земја нема да го исплати долгот кон ММФ што доспева денеска во наредните неколку часа. Претходно се појавија шпекулации дека премиерот Алексис Ципрас се обидува да постигне договор со кредиторите во последен момент. Долгот од 1,8 милијарди долари треба да се плати до полноќ. Грчки претставник соопшти дека Ципрас разговарал со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, шефот на Европската централна банка Марио Драги и со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека „вратата за разговори е отворена“, но оти не гледа напредок. Ципрас распиша референдум и ги повика грчките граѓани да ги одбијат барањата на меѓународни кредитори. Европските лидери предупредија дека отфрлањето на барањата на кредиторите ќе значи излегување на Грција од еврозоната.

XS
SM
MD
LG