Достапни линкови

logo-print

Голем шумски пожар во близина на Чернобил


Пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот кој од синоќа ја зафати шумата во близина на некогашната нуклеарна централа Чернобил во Украина. Повеќе од 120 пожарникари се борат со пожарот што зафати околу 130 хектари, соопштија од Државната служба за вонредни ситуации. Засега не е познато дали пожарот зафатил делови од озрачената област по катастрофата во 1986 година, што се смета за една од најлошите нуклеарни катастрофа во светот. Ова е вториот шумски пожар во таа област оваа година. Силен пожар на околу 15-20 километри од нуклеарната централа имаше и на 28 април.

XS
SM
MD
LG