Достапни линкови

logo-print

Мигрантите не сакаат азил во Македонија


МВР издало повеќе од 5 илјади потврди за барање азил, но досега никој не побарал азил во земјата. Тие само поминуваат тука, а целата им се побогатите земји од ЕУ.

Целта на мигрантите не е да добијат азил во Македонија, туку да стигнат до некоја од западно европските земји, велат од МВР. До денеска Министерството издало 5.005 потврди за барање азил по донесувањето на измените во Законот за азил. Најбројни се државјаните на Сирија, потоа следи Авганистан, Ирак и Пакистан.

Фактичката состојба говори дека најголем дел од овие илегални мигранти кои што од Грција влегуваат во Македонија, земјава не им е крајна дестинација, туку напротив им служи само како транзит за побогатите земји членки на ЕУ.

Портпаролот на министерството Иво Котевски вели дека Македонија се уште се соочува со огромен притисок на јужната граница и МВР продолжува да презема засилени и соодветни мерки согласно законот за справување со бранот на мигранти. Согласно законот, мигрантите со потврдата го легализираат престојот во Македонија и имаат обврска во наредните 72 часа да побараат азил и може да користат јавен транспорт. Досега според Котевски ниту едно од лицата не поднело барање за азил.

„Фактичката состојба говори дека најголем дел од овие илегални мигранти кои што од Грција влегуваат во Македонија, земјава не им е крајна дестинација, туку напротив им служи само како транзит за побогатите земји членки на ЕУ. Така што во овој момент не би можеле да кажеме дали и колку од тие 5.005 лица заминале кон побогатите земји членки на ЕУ“, вели Котевски.

Ние сме свесни дека овие намери за барања за азил се со цел да можат тие луѓе слободно да поминат и да користат превоз низ Македонија. Тие всушност не се вистинските и реалните барања за азил, ниту пак постоел интерес од нивна страна.

И Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“ која им помага на мигрантите вели дека барањата за азил не се вистински, туку формални бидејќи мигрантите не планираат да останат во Македонија.

„Ние сме свесни дека овие намери за барања за азил се со цел да можат тие луѓе слободно да поминат и да користат превоз низ Македонија. Тие всушност не се вистинските и реалните барања за азил, ниту пак постоел интерес од нивна страна“, вели Реџепи.

Според Реџепи засиленото полициско присуство на границата придонесува за нормално функционирање на теренот и сега мигрантите контролирано се пуштаат на територијата на Македонија.

„Во Србија пак кога поминува мешана патрола од српска, унгарска или друга полиција запираат некоја група, која ја враќаат назад од каде што дошла со што покажуваат дека функционираат работите. Потоа таа група на следната точка влегува во Србија, така да не е возможно целосно блокирање на границата“, додава Реџепи.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека заеднички патроли на нивната и унгарската полиција се распоредени на границата со Македонија, за да се заштитат граничните премини од илегален влез на мигранти.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG