Достапни линкови

Нападнат конвој на НАТО во Кабул


Автомобил бомба погоди конвој на странски сили кои служат во НАТО во главниот град на Авганистан, Кабул, на главниот пат кој води до меѓународниот аеродром. Нападот се случил во населено место на околу 300 метри од амбасадата на САД и близу до базата каде се сместени странските трупи. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека има штети, но се уште не се знаат сите детали. По нападот полицијата го затвори патот. Силната експлозија ги скрши прозорците на околните згради.

XS
SM
MD
LG