Достапни линкови

logo-print

Турција ќе преземе неопходни мерки на границата со Сирија


Турција соопшти дека е подготвена на сите неопходни мерки за да се справи со безбедносните закани на нејзината граница со Сирија. Премиерот Ахмед Давутоглу изјави дека неговата земја е подготвена на секаква евентуалност. Тој ова го рече по состанокот на Советот за национална безбедност што го свика претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во соопштението од состанокот се изразува загриженост од терористичките закани кои доаѓаат од границата со Сирија. Турција исто така е загрижена и за демографските промени во регионот поради борбите во изминативе недели. Курдските сили во Сирија напредуваат против милитантите на Исламската држава, а Анкара страхува дека тоа би можело да води до создавање Курдска држава на сириска територија.

XS
SM
MD
LG