Достапни линкови

Светските берзи бележат пад поради Грција


Берзите од Њујорк до Токио бележат пад за неколку проценти пред истекот на последниот рок за Грција, 30 јуни, да му исплати на Меѓународниот монетарен фонд дел од долгот во вредност од милијарда и 700 милиони долари. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа на продолжување на преговорите на Атина со странските кредитори за финансиската помош која е условена со реформи во Грција. Добра волја за обнова на преговорите изразија и други европски лидери.

XS
SM
MD
LG