Достапни линкови

Кери и Лавров на средба во Виена


За денеска во Виена е најавена средба на американскиот државен секретар Џон Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Кери и шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Франција и Германија е во Виена каде што заедно со претставници на Европската унија, Русија и Кина е на разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Денеска е конечен рок за постигнување спогодба, но некои претставници најавија дека би можело да има нивно неколкудневно продолжување. Шесте светски сили сакаат да ја ограничат иранската нуклеарна програма, бидејќи постои страхување дека Техеран се обидува да дојде до атомска бомба. Иран тоа го демантира.

XS
SM
MD
LG