Достапни линкови

Заврши лидерската- нема изјави, ќе има соопштенија


По нешто повеќе од еден час, во Скопје заврши средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, придружувани од нивните партиски соработници. Нa состанокот присуствуваа и амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав. По средбата никој од присутните не даде изјава за јавноста, туку беа најавени партиски соопштенија. Според најавите, на состанокот лидерите требаше да ја продолжат дискусијата за организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите, а од кога ќе биде постигнат договор опозицијата да се врати во парламентот.

Пред почетокот на средбата пред Клубот на пратеници подмладокот на Беса организираше мини протест. Тие носеа транспаренти на албански јазик преку кои го искажаа несогласувањето на политиките кои ги застапуваат Ахмети и Тачи во преговорите, односно сметаат дека албанските прашања не се доволно застапени. Тие ги исвиркаа лидерите додека влегуваа на средбата.

XS
SM
MD
LG