Достапни линкови

Продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина


Во Брисел под покровителство на ЕУ денеска продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко политичко ниво. Премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа разговараат за четири „жешки“ теми – примена на договорот за енергетика, телекомуникации, воспоставување на Заедница на српски општини во Косово и слобода на движење на мостот во Косовска Митровица. Разговорите меѓу делегациите на Белград и на Приштина беа прекинати нешто пред 18 часот и ќе продолжат во 20.30 минути. Агенциите пренесуваат дека двајцата премиери се состанале во канцеларијата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федрика Могерини

XS
SM
MD
LG