Достапни линкови

Русија останува поддржувач на Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека останува непроменета руската поддршка за Сирија, нејзиното раководство и сирискиот народ. Путин денеска имаше состанок со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем во Кремљ. На прес-конференција со својот руски колега Сергеј Лавров, Муалем изјави дека бил уверен оти Русија ќе продолжи политички, економски и воено да и помага на Сирија.

Путин, исто така ги охрабри сите земји од Блискиот Исток со здружени напори да се борат против исламските милитанти, особено со припадниците на екстремистичката организација Исламска држава, која во свои раце држи големи делови од територијата на Сирија и Ирак.

Москва е главен поддржувач на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG